СП 2014: За мексиканскиот голман Очоа ова беше неговиот најдобар натпревар

Од:

Јунак на првиот натпревар од второто коло на Мундијалот во Бразил е голманот на мексиканската репрезентација Гиљермо Очоа, кој успеа да ја сочува својата мрежа од ударите на домашните фудбалери.

Тој имаше неколку одлични одбрани, а за дуелот изјави дека е неговиот најдобар во кариерата.

– Нема сомнение, ова беше натпреварот на мојот живот. Никогаш не е лесно да се игра против домаќин на Светско првенство. Од сите удари најтежок беше на Нејмар со глава. Зневме дека ова ќе биде тежок натпревар и дека Бразил е квалитетна репрезентација, но ова е сепак голем бод за нас, рече Очоа.

Во последното коло од А групата Мексико ќе игра против Хрватска на 22 јуни и најверојатно тоа ќе биде натпревар за пласман во осминафиналето.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска