СП 2014: Два нерешени натпревара на шестиот ден

Од:

Два натпревара завршија без победник на шестиот ден на Светското првенство во Бразил.

Во Форталеза домаќинот Бразил во првиот натпревар од 2.коло одигра без голови со Мексико – 0:0. Јунак на дуелот беше голманот на Мексиканците Гиљермо Очоа, кој успеа да спречи некоку добри шанси за Бразилците.

Бразил и Мексико имаат по 4 бодови во А групата.

Русија и Јужна Кореја одиграа 1:1 во последниот натпревар од првото коло. Прва во водство дојде селекцијата на Јужна Кореја со голот на Кеунхо Ли во 68.минута, додека изедначи шест минути подоцна Александар Кержаков.

На првиот дуел од групата Х, Белгија со пресврт дојде до победа над Алжир од 2:1.

Белгија е прва во групата со 3 бодови, пред Јужна Кореја и Русија кои имаат по 1, а Алжир е без бод.

Денеска се играат три натпревари: Австралија – Холандија (18 часот – Б група), Чиле – Шпанија (21 часот – Б група) и Хрватска – Камерун (24 часот – А група).

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска