Меси го критикуваше Сабела

Од:

Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација Лионел Меси денеска го критикуваше системот на игра на селекторот Алехандро Сабела и изрази надеж дека на дуелот со Иран „гаучосите“ ќе бидат поофанзивни.

Сабела на премиерниот натпревар против Босна и Херцеговина излезе со тим во формација со пет одбранбени играчи, за на полувреме да ја смени одлуката и со ставањето во игра на Гонзало Игуаин ја промени формацијата во 4-3-3.

– Нормално е како напаѓач да ја сакам формацијата со тројца офанзивци. Така има повеќе прростор во напаѓачката линија. Во спротивно, ние ќе патиме. Беше многу тешко против Босна и Херцеговина затоа што јас и Агуеро моравме да се враќаме по топката. Треба да ја подобриме играта и јас верувам дека уште на следниот натпревар ќе заиграме поофанзивно. Ние сме Аргентина и мора да се фокусираме само на себе, изјави Меси.

Аргентина во неделата навечер ја победи Босна и Херцеговина со 2:1, а Меси беше стрелец на вториот гол. Следниот дуел Аргентинците го играат на 21 јуни против Иран, а групниот настап на Мундијалот го завршуваат на 25 јуни против Нигерија.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска