Белиот рај – единствен скапоцен камен на светското културно наследство

Од:

Градот Денизли со своите бели тераси е единствена туристичка бајка, а неговиот најубав туристички скапоцен камен Памукале, што во превод значи „тврдина од памук“, сведочи за времето и животот од Антиката до денес.

Денизли е стар град на тромеѓето меѓу егејскиот, медитеранскиот и анадолскиот дел на Турција. За неговото културно-историско богатство најдобро зборува туристичкиот бисер Памукале, кој веќе 26 години се наоѓа на листата за светско културно наследство на УНЕСКО.

Локалитетот Памукале се состои од топли извори и варовник травертин, кои имаат необична форма на плитки терасести базени, настанати со преливање на минералната вода и таложење на минералите.

Археолошкиот музеј Хиераполис, античкиот театар и бројни други сведоци на убавината и историјата на Памукале можат да се посетат за време на еднодневната посета на овој град.

Гувернерот на Денизли Абдулкадир Демир тврди дека Памукале е единствено богатство не само за Турција, туку и за целиот свет и додаде дека поради неговите бели тераси се нарекува Бел рај.

– Минатата година забележавме рекордна посета на Памукале од 1,7 милиони туристи. Оваа година очекуваме да го собориме тој рекорд. Тоа е сосема извесно. Во првите пет месеци од 2013 година во античките базени се капеа 50 илјади туристи, а оваа година таа бројка е поголема за 15 илјади, изјави Демир.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска