Кривична пријава за скопјанка која препородавала дрога на забави

Од:

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 24-годишната скопјанка И.В. која се сомничи за препродавање на синтетички дроги. При претрес полицијата кај И.В. пронашла поголем број таблети екстази, амфетамин и дрога позната како „трип“. Надлежен судија и одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

– Единица за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство од Скопје поднесе кривична пријава против И.В. (24) од Скопје, поради основано сомневање дека сторила кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Единицата, по добиеното сознание дека И.В., која во 2012 година била условно осудена за недозволена трговија со марихуана, набавува и продава синтетички дроги на подрачјето на градот, презела соодветни мерки и активности за обезбедување на материјални докази. Притоа додјде до оперативен податок дека пријавената во текот на минатиот месец, од засега непознато лице набавила поголема количина на синтетички дроги, кои ги препакувала за улична продажба и на однапред договорени места, како и на техно забави низ градот ги продавала на зависници, соопшти денеска МВР.

Постапувајќи по добиените сознанија, како и по ОА „Мрежа“, а во консултација со судија од претходна постапка, на крајот од минатата недела Единицата за недозволена трговија со дрога презела оперативни мерки и активности на Градската плажа каде се одржувала техно забава. Притоа пријавената била забележана на забавата и и е направен личен претрес. Кај неа полицијата пронашла 118 таблети ексатази со лого „супермен“ и „мерцедес“, три полиетеленски паковки (1,8 грама) амфетамин  и девет картонски парченца 25И-НБОМе – синтетичка дрога, која кај зависниците позната како „трип“ – дрога која е со изразено халуцигено дејство и се наоѓа на листата 1 на контролирани психотропни суптанци.

И.В. е лишена од слобода, а запленетата синтетичката дрога е предадена за вештачење.

Би можело да ве интересира

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

Полицијата во Сараево заплени дрога и оружје – осомничениот побегна

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски