Светското фудбалско првенство во Бразил само што почна, а интернетот веќе е преполн со снимки „од теренот“ кои станаа хит.
Меѓу нив секако е и видеото со весели Босанци во главната улога. Имено, пред почетокот на натпреварот меѓу Аргентина и Босна и Херцеговина, непознати босански навивачи влетуваат меѓу група Аргентинци на станицата на подземната железница во близина на „Маракана“.
Босанците се вмешуваат меѓу распеаните аргентински навивачи извикувајќи: „малку ве има, малку ве има п…ња“, но бидејќи Аргентинците не разбрале што викаат, еуфорично им се придружуваат во „радувањето“.
Интересно е да се спомене дека „Мирор“ ја пропрати оваа приказна, но во нивниот случај се тврди дека Босанци и Аргентинци заедно „славеле и пееле“.