Забрана за движење на возила во Бенгази во обид да се стабилизира ситуацијата во градот

Од:

Либиските власти го забранија движењето на возила во Бенгази во текот на ноќта, во обид да ја стабилизираат ситуацијата во градот, кој е втор по големина во земјата и центар на бунтот во 2011 година против режимот на тогашниот лидер Муамер Гадафи, соопштија претставници на безбедносните сили.

Мерката стапи во сила од полноќ од шест часот наутро.

Ситуацијата во Либија станува се понестабилна откако милициите, племињата и исламистите, кои помогнаа во соборувањето од власт на Гадафи, се против изборот на новите власти.

Посебно драматична е ситуацијата во Бенгази, каде нападите, посебно во ноќните часови, станаа вообичаени. Таа се влоши уште повеќе, откако поранешниот генерал Халифа Хафтар им објави војна на исламистичките милиции пред еден месец. Оттогаш над 100 луѓе се убиени во Либија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски