На Светското првенство во Бразил ноќеска се одигра и првиот нерешен резултат, додека во комплетирањето на програмата на петтиот ден САД славеше победа над Гана.
Со раниот гол (29.секунда) на Клинт Демпси Американците поведоа со 1:0. Во квалитетниот натпревар во финишот Гана во 82.минута изедначи на 1:1 преку Андре Ајев, додека четири минути подоцна Џон Брукс ги постави конечните 2:1 за САД.
Во групата Г во првиот натпревар Германија убедливо ја совлада Португалија со 4:0, па така заедно со САД имаат по три бодови.
Првиот нерешен резултат на Мундијалот и тоа без голови го одиграа Иран и Нигерија. Натпреварот се одигра во Куритиба и е од групата Ф, каде претходно Аргентина ја совлада селекцијата на Босна и Херцеговина.
Првото коло од групната фаза ќе биде комплетирано со дуелите од Х групата што се играат вечерва: Белгија – Алжир и Русија – Јужна Кореја.
Водено денеска стартува и 2.коло со дуелот од групата А, Бразил – Мексико.