Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо денеска ги повика Русија и Украина да вложат напор во решавање на спорот и да продолжи снабдувањето со руски гас.
-Сакам уште еднаш да ги повикам двете држави да вложат напор, да се ангажираат, поради својот кредибилитет-истакна Баросо на економскиот форум во Сантандер.
Тој наведе дека комисијата е посредник во тој проблем и дека европскиот комесар за енергетика, Гинтер Етингер е во контакт со двете држави и со рускиот енергетски гигант „Газпром“.
Украинскиот министер за енергетика Јуриј Продан изјави дека Русија утрово ја намалила „на нула“ испораката на гас, но дека гасот кој што е наменет за Европа ќе продолжи да оди преку украинската територија.
Меѓутоа комесарот Етингер предупреди дека Европа може да има проблем со снабдување на гасот во тек на зимата.
Е. Г.