„Ние сме Македонија“, кажа и напиша на својот профил светски познатиот DJ Dash Berlin, кој во саботата имаше спектакуларен настап на улица Македонија, чиј организатор беше општина Центар.
Ова предизвика револт и лавина реакции од Грција.
„Ти не си Македонија, Македонија е на Грција, разбуди се Dash Berlin, ти си Манкедонија, ниту постоела, ниту ќе постои Македонија“, ова се само дел од коментарите од грците на ФБ профилот на Dash Berlin.
Не изостанаа ниту вулгарни и навредливи реакции од Грците, но и закани да не помислува по ова да дојде во Грција.
Во саботата, центарци, скопјани, но и гости од цела држава и од соседството уживаа во добрата журка и дружба.
DJ Dash Berlin е еден од десетте најдобри ди-џеји, Имаше дличен сценски настап пропратен со видео проекции и ефекти и совршена организација
Со својот настап докажа зошто е едно од најактуелните имиња на светската електронска сцена.