Во воздушен напад извршен од пакистанските безбедносни сили во северозападниот дел од земјата, во рамки на операцијата против бунтовничките упоришта, загинаа 27 екстремисти.
Воздушните напади се дел од долго очекуваната операција против странски и локални екстремисти во Северен Вазиристан, племенски регион во близина на границата со Авганистан.
Во овој регион владее беззаконие со речиси никаква контрола на Владата, а служи и како база за обука на екстремистите и појдовна точка за бунтовниците, кои ги напаѓаат авганистанските и НАТО трупите во соседен Авганистан.
Цел на денешните воздушни напади биле шест упориштаво областа Шавал, се наведува во соопштението на пакистанската војска.