Нови судири меѓу исламистите и силите на генерал Хафтар во Бенгази

Од:

Силите лојални на одметнатиот либиски генерал Халифа Хафтар започнаа нова жестока офанзива против вооружените исламисти во вториот по големина град во Либија, Бенгази.

Овие судири се најжестоки досега, а во борбите се упоребени и тенкови. Жители на градот тврдат дека од делот каде се водат борби се слушаат силни експлозии, но засега никој не знае какви се последиците и колкав е бројот на загинатите и ранетите.

Генерал Хафтар ја почна борбата против либиските исламисти во минатиот месец, означувајќи ја како „борба за враќање на достоинството на Либија“.

Тој е поранешен висок воен функционер и едно време началник на Генералштабот на либиската армија во времето на Моамер Гадафи, но во 2011 година премина на страната на бунтовниците, како командант на силите кои војуваа со либиската армија.

Во февруари оваа година, меѓутоа, Хафтар повика на соборување на владата во Триполи, обвинувајќи ја дека ги подржува исламистите и го заштитува тероризмот.

Владата тврди дека одметнатиот генерал дејствува на своја рака и дека нема овластувања за да војува со милитантите во Бенгази, но неколку министри, поголемиот дел од јавноста и неколку родови од новата либиска армија, му даваат подршка на Хафтар во пресметката со исламистите.

Кон неговите сили вчера се приклучи еден баталјон од милитантна група која досега беше силен противник на Хафтар и на неговите истомисленици.

Ситуацијата во Бенгази продолжува да се влошува и останува крајно неизвесна. Очевидци тврдат дека луѓето бегаат од деловите во градот каде се војува, а повеќе населби во Бенгази останаа без струја, откако беше погодена локалната трафостаница.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски