Хрватаските репрезентативци слободната вечер ја поминаа голи во базенот во кампот Тиволи.
Разголените фотографии се топ настан во Хрватска кој го засени спорниот пенал и изгубениот натпревар со Бразил. Ова пак ги разбесни хрватските репрезентативци, кои објавија дека до крајот на првенството нема повеќе да комуницираат со медиумите. Тие не се појавија ни на последната прес конференција за што селекторот селекторот Нико Ковач најде оправдување во објавените фотографии.
-Не можам да ги повлечам за уши и да ги доведам пред вас. Посебно не по сето она што им направивте, како на нив така и на нивните семејства. Како би сте се чувствувале вас да ве сликаат голи?“, изјави Ковач на последната прес-конференција, на која што не се појави ниту еден репрезентативец.
Дел од медиумите во Хрватска се обидуваат на овој настан да му дадат забавна нота, пишувајќи дека фудбалерите се соблекле да се освежат и дека тоа го направиле на радост на своите обожавателки.