При излегувањето од соблекувалната Меси, како капитен на својата репрезентација, се ракуваше со судиите. Во таа прилика фудбалерот не го забележа детето кое исто така посака да се поздрави со него.
Иако во почетокот на видеото не се гледа точно што се случило, судејќи по радосниот израз на детето, Аргентинецот сепак се ракувал со него.
Откако беше објавено видеото, следеа остри критики на сметка на Меси, особено од Бразилците.