СП 2014: Германија – Португалија, дерби на петтиот ден од Мундијалот

Од:

Светското првенство во фудбал во Бразил денеска продолжува со натпреварите од групите Ф и Г. Во 18 часот на арената Фонте Нова во Салвадор ќе се сретнат Германија и Поругалија, oд 21 часот во Куритиба играат Иран и Нигерија, а на полноќ по македонско време во Натал се среќаваат Гана и САД.

Германија и Португалија се фаворити во својата група. Тие досега се сретнале 17 пати од кои Германија победила во девет натпревари, а Португалија три. Неизвесен е настапот на Роналдо поради повреда за која тој тврди дека е подготвен.

Натпреварот ќе го суди српска судиска тројка предводена од Милорад Мажиќ, а ќе му помагаат Милован Ристиќ и Далибор Ѓурѓевиќ.

Во вториот натпревар во групата Ф меѓу Иран и Нигерија победникот ќе си ја олесни работата знаеќи го фактот дека Аргентина ја победи Босна и Херцеговина со 2:1. Ова е втор дуел на овие репрезентации, а последниот го доби Нигерија.

На последниот натпревар во кој ќе се сретнат Гана и САД, иако африканците го добија последниот меѓисебен дуел, сепак, фаворит на мечот е тимот на Јирген Клинсман.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска