Репрезентацијата на Аргентина на Маракана во Рио де Жанеиро ја совлада Босна и Херцеговина со 2:1.
Деби настапот на Босна и Херцеговина почна со автоголот на Сеад Колашинац, кој по нафрлувањето на Серхио Агуеро го погоди топката во ногата и го совлада Асмир Беговиќ.
Лошата стратегија беше главната причина за бледото издание на Аргентина во првиот дел.
Во 65-та минута Меси успеа да мине неколку противнички играчи и од работ на шеснаесетникот ја погоди мрежата на Беговиќ и Аргентина поведе со 2:0.
Во финишот Сушиќ се фрли на една карта и напаѓачката формација конечно успеа да ја затресе мрежата на Серхио Ромеро. По додавањето на Миралем Пјаниќ, Ведат Ибишевиќ во 85-та минута го постигна првиот гол за Босна и Херцеговина на Мундијалот и намали ма 2:1.