Со гол постигнат во судиското надополнување, репрезентацијата на Швајцарија вечерва го совлада Еквадор, иако на полувремето имаше негативен резултат.
Еквадорците поведоа со погодокот на Енер Валенсија во 22.минута, Адмир Мехмеди изедначи во 48-та, а голот вреден три бодови за Швајцарците беше дело на Харис Сеферовиќ во 90+3.минута.
Вечерва од 21 часот во Порто Алегре се играат вториот натпревар од 1.коло во Е групата на кој Франција како фаворит настапува против Хондурас. Точно на полноќ стартуваат и натпреварите во Ф групата.
Рио де Жанеиро е градот домаќин на селекциите на Аргентина и Босна и Херцеговина.