Најголемото изненадување на досегашниот дел од Светското првенство во Бразил го направи селекцијата на Костарика, која славеше победа со 3:1 над фаворитот Уругвај.
– Ова е голема победа за нас. Имавме голем респект кон Уругвај, а не бевме импресионирани од нив и ја игравме нашата игра, токму како што сакавме и тоа ни ја донесе победата. Примивме гол, но остававме смирени – истакна селекторот на Костарика, Хорхе Луис Пинто.
Костарика во рамките на Д групата следниот натпревар го игра на 20.јуни во Ресифе против Италија. Тоа водено ќе биде дуел на двете репрезентации од групата, кои постигнаа победи на стартот.