Касиљас ја презема одговорноста за поразот од Холандија

Од:

Голманот на Шпанија Икер Касиљас изјави дека е виновен за синоќешниот убедлив пораз на неговата репрезентација.

Актуелниот светски шампион загуби со 5:1, а Касиљас имаше катастрофални потези кои директно влијаеја на резултатот.

-Виновен сум. Тоа беше мој најлош натпревар во кариерата. Морам да им се извинам на сите. Холанѓаните одиграа добро, ние бевме очајни. Сега ни преостанува да се вратиме во нормала и проблемите да ги оставиме зад нас, истакна шпанскиот чувар на мрежата кој се најде на удар на јавноста во неговата земја.

Шпанија пласманот во следната фаза ќе го брка против Чиле и Австралија.

Табела по 1.коло во групата Б: Холандија 3 бодови, Чиле 3, Австралија 0, Шпанија 0.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска