Робин ван Перси беше еден од најзаслужните за синоќешната голема победа на неговата Холандија против актуелниот светски шампион Шпанија со 5:1.
Поради тоа, како и поради начинот на кој Робин го постигна изедначувачкиот гол холандските навивачи го нарекоа Робин – Супермен.
Ван Перси синоќа покрај изедначувачкиот погодок во 44.минута, имаше уште една реализација (72.минута).
По завршувањето на натпреварот на социјалните мрежи објавени се повеќе фотографии на кои Ван Перси е прикажан во улога на филмскиот херој Супермен.