Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтеровата скала предизвика денеска паника меѓу населението во северозападниот дел на Пакистан.
Мохамед Риас од Националната метеоролошка служба изјави дека епицентарот на земјотресот бил во планината Хиндукуш во соседен Авганистан.
Земјотресот бил почувствуван во пакистанскиот град Пешавар и во околните региони.
Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.