Репрезентацијата на Чиле вечерва ја совлада Австралија со 3:1.
Во 15 минута Чилеанците се запишаа во историјата на Светските првенства, откако наврзина Алексис Санчес и Хорхе Валдивија постигнаа два гола за само 120 секунди.
Ниту еден тим во досегашната 84 годишна историја и низ 19 Мундијали еден тим не успеал толку брзо да постигне два гола на најголемиот фудбалски фестивал.
Тим Кејхил намали на 2:1 во 34. минута, а конечните 3:1 ги постави Беусежур во финишот на натпреварот.
Чиле и Холандија се на врвот на табелата со по 3 бода, а Шпанија и Австралија се без бодови.