Грција најдобра туристичка дестинација за 2014.

Од:

Уредниците на туристичкиот водич Лонли Планет предвидуваат дека Грција ќе биде топ дестинација во Европа оваа година, бидејќи земјата покажува знаци на напредување во однос на изминатиот период кога се соочуваше со политичка нестабилност и протести против мерките за штедење.

Дестинациите во топ десетте „Најдобри во Европа“ избрани се, бидејќи се атрактивни и се повеќегодишни фаворити.

Грција лани забележа рекорд од 20 милиони посетители и властите предвидуваат дека оваа година ќе биде една од подобрите туристички години, што е охрабрувачка вест за жителите, кои се уште се мачат со пронаоѓање на работа поради падот на економијата.

Државата сега се стабилизира и Грција се врати на самиот врв на најпожелни локации за летен одмор.

Топ десет европски дестинации во 2014:

1. Грција

2. Словенија

3. Англија

4. Италија

5. Данска

6. Шпанија

7. Шкотска

8. Чешка

9. Норвешка

10. Франција

Порталот Europeanbestdestinations.org објави листа со топ десет европски градови, кои треба да ги посетите во 2014 година, а кои ги избрале читателите.

Топ десет европски градови:

1. Порто, Португалија

2. Загреб, Хрватска

3. Виена, Австрија

4. Никозија, Кипар

5. Будимпешта, Унгарија

6. Мадеира, Португалија

7. Милано, Италија

8. Мадрид, Шпанија

9. Берлин, Германија

10. Рим, Италија.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска