Германецот Маркус Мерк, еден од најдобрите поранешни фудбалски арбитри, оцени дека судењето на првиот натпревар на Светското првенство меѓу Бразил и Хрватска било срамно.
Според него, јапонскиот судија Јуичи Нишимура не требало да дели правда на натпревар од толку голема важност.
– Тоа беше прв натпревар на Светското првенство и Нишимура не требаше да суди. Нишимура според сите критериуми треба да суди на Мундијалот, но не на првиот меч. Но, тој е најмалку виновен. Главните критики треба да се насочат кон ФИФА и нејзината комисија, смета Мерк.
Вели дека не може да се сети на судија кој веднаш по последниот свиреж на натпреварот избегал во соблекувалната. Таквото однесување на Нишимура, според Мерк, го покажало неговото неискуство на такви големи натпревари.
Мерк жали што Хрватска изгубила поради погрешните судиски одлуки кои,како што вели, го решиле натпреварот.