Нишимура не смееше да го суди мечот Бразил – Хрватска

Од:

Јапонецот Јуичи Нишимура е анти-херојот по првиот ден од 20-то Светско првенство во фудбал. Нишимура со катастрофалното судење го навлече гневот на хрватските играчи и навивачи, но и на сите останати кои го следат фубалот ширум светот.

Јапонскиот судија за кого премиерниот меч на СП беше најзначајниот натпревар што го судел во кариерата, не одговори на предизвикот, а со непостоечкиот пенал кој го досуди за Бразил директно влијаеше на резултатот, ова е генерална оцена на коментаторите, пранешните судии и фудбалери.

Единствен за кого пеналот не беше спорен е бразилскиот селектор Сколари.

„Грешки како овие се случуваат кога ќе делегирате судија кој не е навикнат да суди вакви натпревари. Кога редовно судите во Лигата на шампиони, можете многу подобро да ги оцените ваквите проблематични ситуации. Кај пеналот немаше никаков контакт.

Судијата имаше лош агол, а не се ни обиде да се позиционира подобро, поради тоа не смееше да досуди пенал. Судијата требаше да му покаже жолт картон на Фред за симулирање“, изјави поранешниот судија, Германецот Урс Мајер.

Инаку, Мајер, кој зад себе има две европски и две светски првенства, а судел и финален меч во Лигата на шампиони, за време на Мундијалот работи како стручен коментатор на германската национална телевизија ZDF.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска