Бесими: Проширувањето да биде на агендата на следниот претседавач со ЕУ

Од:

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска оствари средба со заменик-министерот за надворешни работи на Република Италија Бенедето Дела Девода.

На средбата, како што соопшти СЕП, главен акцент беше ставен на приоритетите на италијанското претседателство со Европската Унија која започнува од јуни и ќе трае до декември 2014 година. Од страна на заменик-министерот Девода беше истакнато дека политиката на проширување е еден од врвните приоритети на Република Италија и оти сериозно ќе се ангажираат за поддршка на земјите од Западен Балкан за побрзо членство во ЕУ.

Тој додаде дека ќе ја поддржуваат нашата земја во нејзините напори за надминување на отворените прашања и во заложбите на Владата на Република Македонија за започнување на преговорите за членство со ЕУ.

Бесими ја поздрави нивната подготвеност за поддршка во текот на нивното претседавање со ЕУ за приклучување на Западниот Балкан во ЕУ и додаде дека Европската унија е главен стратешки приоритет за Република Македонија и дека нашата земја силно е посветена кон спроведување на реформите и исполнување на критериумите за членство во Унијата.

Двајцата соговорници исто така разговараа и за можностите за продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји како на економски така и на културен план преку интензивирање на економската соработка и преку размена на културните практики на двете земји. Дополнително, беше истакнато дека соработката може да продолжи и во однос на јакнење на капацитетите на македонската администрација во делот на владеење на право, јавните набавки, земјоделство и рурален развој, енергетика, јавното здравје, финансиската контрола и друго.

Би можело да ве интересира

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ

Сиљановска-Давковa во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ

А1он

„Политико“: Европската унија подготвува патокази за Црна Гора, Украина, Молдавија и Албанија

А1он

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски