Италијанците со реклама ги едуцираат грубите и нападни руски туристи

Од:

Италијанците решија да им возвратат на богатите Руси со совети во врска со тоа како да бидат помалку нападни и непристојни кога летово ќе ја посетуваат Тоскана, пишува британски „Телеграф“.

Како пополека се приближува туристичката сезона, Италијанците смислија порака за своите богати руски посетители – „Можеби имате пари, но немате манири“.

Богатите Руси во последните години се покажаа како спасоносно решение за туристичкиот сектор во Италија, но многумина и натаму ги сметаат за нападни и груби.

Салваторе Мадона, сопственик на хотел во Тоскана, омилената дестинација за многу Руси, сега сними телевизиска реклама со цел да ги едуцираат руските посетители. Мадона води лускузни хотели во лускузното одморалиште во Тоскана чии примарни клиенти се богатите Руси и кои ги нарече „Москва на море“.

Триминутната реклама ги советува Русите повеќе да се смеат, почесто да кажуваат благодарам и да бидат пољубезни во текот на интеракцијата со келнерот и останатиот персонал на хотелот.

Рекламата, исто така, ги советува да не нарачуваат капучино по ручекот бидејќи тоа е непростлива грешка. За Италијанците единственото вистинско време за овој напиток е утрото. Исто така, не се советува нарачка на црно вино со риба, туку секогаш тоа мора да биде бело вино. На Русите, исто така, им се советува да избегнуваат нарачување на најскапото вино во секоја ситуација, бидејќи тоа се смета за вулгарно.

Во рекламата, што ќе биде прикажана на телевизиите во Русија, се појавува Људмила Радченко, руска манекенка која живее во Италија.

– Прво правило по влегувањето во хотел е да кажете здраво, насмејете се и погледајте го рецепрционерот во очи. Во Русија не сме навикнати тоа да го правиме. Русинките кои сакаат мали бикини и потпетици можеби треба да се откажат од тоа. Кога го напуштате хотелот љубезно е да бидете комуникативен и да ја пофалите услугата, објаснува манекенката во рекламата.

Оваа лекција за љубезноста никако не би требало да се толкува како италијанска ароганција, изјави Мадона, туку како нежно поттурнување на туристите кон културно прифатливо однесување.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска