Баросо: Русија ќе почне конструктивен дијалог со Украина

Од:

Претседателот на Европската комисија Жосе Мануел Баросо изјави дека Русија треба да почне конструктивен дијалог со Украина и да преземе конкретни чекори за намалување на тензиите во односите со Киев.

Баросо, како што пренесува ИТАР-ТАСС,  на новинарите во Тбилиси им изјави дека вчера телефонски разговарал со новиот украински претседател Петро Порошенко за ситуацијата на истокот на Украина.

Порошенко вчера разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, на кого му кажал дека доаѓањето на трите руски тенкови во источна Украина е неприфатливо.

Порошенко во својот прв телефонски разговор со Путин по стапувањето на должноста, минатиот викенд, зборувал и за плановите за решавање на кризата на истокот од земјата.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци