ОБСЕ: УНХЦР да учествува во помошта за Украина

Од:

Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) би требало да учествува во хуманитарната помош во Украина, изјави генералниот секретар на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, Ламберто Заниер по вчерашната средна со беглаците од североисточниот дел на Украина во рускиот регион Ростов.

– Би било добро кога УНХЦР би им помогнал на бегалците и нивните потреби, посочи Заниер за време на посетата на бегалските кампови во регионот на Ростов.

Заниер истакна и дека ОБСЕ е подготвена да ги следи и да учествува во преговорите меѓу властите во Киев и бунтовниците од источниот дел на Украина.

Тој посочи оти за враќање на мирниот живот во Украина потребно е примирје.

– Нема едно единствено решение кое би можело да го предложи меѓународната заедница за излез од ситуацијата. Решението мора да го предложат луѓето, тоа треба да потекне од народот, рече Заниер.

Властите во Ростов соопштија дека од почетокот на борбите приближно 70.000 лица од Украина влегле во Русија преку Росовската областа, а дека околу 35.000 останале во регионот.

Властите во Доњецката и во Луганската област, кои граничат со Русија, соопштија дека околу 40 проценти од жителите го напуштиле Славјанск за време на операциите на украинската војска, како и дека од Доњецк заминале 15.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот

Габриел не сакала да биде на иста маса со Лавров и затоа предвреме заминала од Скопје

Горан Наумовски

Хипи: Луѓето сакаат да бидат на евроатлантската траекторија бидејќи веруваат во слобода и демократија

Заврши Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, постигнат консензус за идниот претседавач, но не и за буџетот