Бразил и Хрватска го отворија 20. Светско првенство и одригра одличен меч во кој домаќинот славеше со 3:1.
Сензационално, резултатот го отворија Хрватите благодарение на автоголот на Марсело во 12. минута, а израмни Нејмар во 29. минута со удар од далечина.
Во 71. минута повторно Нејмар од подарок пенал го донесе Бразил во водство, а кога веќе Хрватска стави се на една карта во финишот на натпреварот преку контра Оскар зголеми на 3:1, што се испостави доволно за конечен триумф.