Со свечената церемонија во арената Коринтијанс официјално беше отворено Светското фудбалско првенство во Бразил. На церемонијата се појавија повеќе од 600 акробати, гимнастичари кои симболично го претставија најголемото богатство во Бразил-природата, луѓето и фудбалот.
Официјалната химна на првенството „We Are One“ ја изведоа светската ѕвезда Џенифер Лопез, раперот Питбул, и пеачката Клаудија Леите.
Титулата ја брани репрезентацијата на Шпанија, а еден од главните конкуренти да го освои првото место во светот е селекцијата на Бразил која титулата досега ја има совоено пет пати.