Фабрегас потпиша за Челзи

Од:

Репрезентативецот на Шпанија Цеск Фабрегас е новото засилување за премиерлигашот Челзи. Досегашниот член на Барселона се враќа во Премиер лигата откако претходно го носеше дресот на друг лондонски клуб Арсенал.

По три сезони минати во каталонскиот клуб, Фабрегас се очекува да биде замена за Франк Лампард, кој си замина од Челзи на крајот од сезоната. Обештетувањето кое Челзи го плати на Барселона е 33 милиони фунти плус дополнителни 10 милиони во клаузули.

Фабрегас се обврза пет години да биде член на „сините“ од Лондон и ќе го носи дресот со број 4.

– Тоа е мојот тим од детството и имам голема чест што добивам шанса да играм во голем клуб. Ги разгледав и другите понуди и верувам дека Челзи за мене е најдобрата варјанта, изјави Фабрегас.

Инаку, Шпанецот во периодот од 2003 до 2011 година го носеше дресот на Арсенал и одигра 305 натпревари и постигна 50 голови, а во еден период беше и капитен на „топџиите“.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска