На фудбалското првенство, кое започнува вечерва во Бразил премиерот Никола Груевски нема да навива за никого посебно, но има свои фаворити:
-Нема да имам многу време да гледам фудбал имајќи ги во обзир обврските. Можеби делови од неколку натпревари, евентуално финалните натпревари и тоа ќе биде се. Не можам да прогнозирам кој ќе победи, нема да навивам посебно за никого, како фаворити ми се истакнуваат Аргентина и Германија, пренесува Економски.мк.