Зголемен бројот на туристи

Од:

Бројот на туристи во Македонија во април годинава изнесувал 44.478 и во однос на април лани е зголемен за 5 проценти. Во април се евидентирани 94.033 ноќевања или за 0,6 проценти повеќе од истиот месец минатата година.

Според Државниот завод за статистика, кај домашните туристи во април годинава споредено со април лани има зголемување за 12,4 проценти, и 2,8 проценти на нивнитеноќевања, а на странските за 1,1 процент, кај кои пак има намалување на ноќевањата од 1 процент.

Во периодот јануари-април годинава, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 3,5 проценти, кај домашните за 8,4 проценти, а кај странските за 0,3 проценти. Бројот на ноќевањата е зголемен за 2,2 проценти, при што кај домашните за 3,4 проценти, а кај странските за 1,2 проценти.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ