Сојузот на стопански комори во која членуваат претставници на микро, малите и средните компании, синоќа одбележа 10 години од основањето.
На свеченоста што беше организирана по тој повод, претседателот на ССК, Златко Калеников истакна дека по десетгодишна успешна работа станале вистински глас на малите и средните претпријатија.
– Но, тука нема да застанеме. Напротив продолжуваме и понатаму со позасилена енергија во градењето на просперитетно економско општество. По десетгодишната успешна работа, ССК стана вистински глас на малите и средни претпријатија кои се двигател на економијата во Република Македонија, истакна Калеников.