(ВИДЕО) СП 2014: Мундијалот ќе го гледаат и астронаутите од Вселенската станица

Од:

Заедно со стотиците милиони фудбалски фанови низ светот, Мундијалот во Бразил ќе го следи и тричлениот екипаж на Меѓународната вселенска станица, објави НАСА.

Американските астронаути Рид Вајсман и Стив Свансон и нивниот германски колега Александар Герст ќе ги бодрат своите национални репрезентации на Мундијалот на околу 400 километри над површината на Земјата.

Екипажот на Вселенската станица испрати порака до сите играчи и тимови кои ќе се натпреваруваат на Светското првенство во Бразил од денеска до 13 јули.

Тие набавиле навивачки реквизити и особено се подготвуваат за следење на дуелот меѓу нивните национални тимови САД и Германија кои во рамките на групата Г ќе ги одмерат силите на Мундијалот на 26 јуни.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ