Туристичката организација „Europian Best Destinations“ го објави пописот на 15-те најубави плажи во Европа.
На прво место се најде малата плажа Харбур бич во Велс, скриена под ѕидот на градот Тенбси, која ги надмина познатите дестинации во Португалија, Хрватска и Италија.
Плажата Харбур бич, на 145 километри оддалеченост од Кардиф, е прогласена за надобра во Европа, пред се, поради квалитетот на водата, убавината на околината и репутацијата што ја има меѓу посетителите, објави „Дејли Мејл“.
Праја да Кова, плажа на јужниот брег на Португалија се најде на второ место, а веднаш зад неа, на трето место е рангирана плажата „Златни Рат“ на хрватскиот остров Брач.
За неа на страницата на организацијата е наведено: „Златни Рат е парче земја сместена приближно два километра западно од пристаништето во Бол на јужниот брег на хрватскиот остров Брач во Далмација“.