Едно лице загина, а тројца се повредени синоќа во израелски воздушен напад на северот на Појасот Газа, соопштија палестински претставници.
Нападот уследил во одговор на ракетниот напад од Газа на југот на Израел. Тоа беше прва ракета истрелана на Израел откако минатата е инаугуирана нова палестинска влада на национално единство.
Палестински лекари и очевидци рекоа дека мета на нападот бил човек на мотор, но оти исто така е погоден автомобил, кој се наоѓал во близина. Израелската војска соопшти дека мета на операцијата биле исламистички милитанти, но палестински извори не го потврдија тоа.