Мурињо ќе го стави на трансфер листата Петр Чех

Од:

Менаџерот на Челзи Жозе Мурињо е решен да го продаде голманот Петр Чех, објави порталот „Goal com“.

Мурињо сака следната сезона прв избор на голманската позиција да му биде Белгиецот Тибо Куртоа кој се наоѓа на позајмица во Атлетико Мадрид.

Чешкиот чувар на мрежата на Челзи има актуелен договор со лондонските „сини“ уште две години. Тој на „Стемфорд Бриџ“ дојде 2004 година и оттогаш забележал 479 официјални натпревари.

Од друга страна белгискиот голман веќе три сезони брани во Атлетико Мадрид на високо ниво. Куртоа изјави дека сега е фокусиран на Мундијалот во Бразил, а по завршувањето ќе си го реши клупскиот статус.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска