Узбешкото исламистичко движење ја презеде одговорноста за нападот на аеродромот во Карачи

Од:

Исламистичкото милитантно движење на Узбекистан ја презеде одговорноста за неделниот напад врз два терминали на меѓународниот аеродром во Карачи.

Во нападот врз терминалот за ВИП патници и карго терминалот на овој најголем пакистански аеродром, се убиени најмалку 39 лица, меѓу кои и десетмината напаѓачи.

Во денешното соопштение на Узбешките исламисти се прикажани десет мажи, со црни турбани на главите и вооружени со „Калашникови“.

Нападот во Карачи исламиститите го објаснуваат како одмазда за минатомесечниот воздушен напад на пакистанските сили, врз нивните позиции, во кои милитантните тврдат дека се убиени жени и деца.

Претставник на пакистанските безбедносни власти изјави дека првичните резултати од испитувањата, како иод ДНК тестовите кои се вршат врз убиените терористи,сугерираат дека станува збор за луѓе со Узбешко потекло.

Исламистичкото движење на Узбекистан (ИМУ) е составено од високо обучени милитантни групи кои најчесто се кријат во тешско достапните, пакистански, племенските региони на Северен Вазиристан.

Припадниците на ИМУ тесно соработуваат со терористичката мрежа на Ал Каеда, како и со пакистанските талибанци и досега учествувале во повеќе координирани терористички напади, меѓу кои и во нападпт на аеродромот во Пешавар,во 2012 година.

Претхондо, одговорноста за терористичкиот напад врз аеродромот во Карачи, ја презедоа пакистанските талибанци.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица