СДСМ: Груевски наместо да менува министри, веднаш да го укине екстерното

Од:

„10-ти јуни некогаш беше ден кога учениците доаѓаа насмеани и расположени во училиште, кога учениците и наставниците заедно во шеги споделуваа што поминале низ годината,  зашто е 10-ти јуни, крај на учебната година, ден за радост.

За жал, денешниот 10-ти јуни е пеколен за илјадници основци и средношколци, нивните родители и професори, а стресот не завршува тука.

Учениците на последниот ден од учебната година полагаат екстерно!

Ниту тие, ниту класните раководители, не знаат кога ќе бидат познати оценките, пресудни за просекот во свидетелствата.

Учениците и родителите во неизвесност ќе ги чекаат советите во втората половина на јуни. Наставниците во истата неизвесност ќе чекаат дали и колкава ќе биде казната за нивната можна лоша проценка на некоја оценка.

Ова е капак на се низ што досега поминаа сите тие, од инструментализација на лични податоци на деца, по 5 000 прашања за подготвување, исчекување во недела наутро кој предмет ќе се полага, во која училница, паралелно со бројните годишни тестови и проекти во последните две недели од завршувањето на училишната година.

Ни смената на Панче Кралев, ниту на Никола Тодоров или најавената на Спиро Ристовски, нема да ги поправат штетните последици од стресот врз децата, нивните родители и наставници и професори, на што алармираат психолози.

Никола Груевски, наместо да менува министри, за да се амнестира себе си од одговорност за хаотичниот проект екстерно тестирање, потребно е веднаш да прифати укинување на непотребната реформа.

СДСМ смета дека екстерното тестирање треба да се укине и да се замени со мерки за редовна евалуација на учениците, наставниците и училиштата, преку стимулативни награди“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје