Цела армија панди вчера го „окупира“ аеродромот во Хонг Конг, во рамки на кампањата за промоција на црно-белите мечиња на кои им се заканува истребување.
Поставката, што ја сочинуваат 1.600 скулптури од хартијата-маше, е дело на францускиот уметник Паул Гранжон чија намера е да го сврти вниманието на јавноста на неопходноста од заштита на пандите.
Како што пренесува Би-Би-Си, инсталацијата претходно ги обиколи Франција, Холандија, Италија, Германија, Швајцарија и Тајван.
Според податоците на Светската фондација за природа (WWF), која за свое лого го има токму ова симпатично животно, денеска на слобода се останати само околу 1.600 панди.