Не помина интерпелацијата за министерот Зоран Ставревски

Од:

Со 40 гласови „за“ и 61 „против“, Собранието не ја прифати интерпелацијата за Министерот за финансии, Зоран Ставревски.

Исходот следеше по целодевната канонада од критики кон Ставревски, која од него бараше да замине од функцијата. Причина според опозицијата беше акцијата „Детонатор“ поради пропустите во царинското работење, со што државата била оштетена за 10 милиони евра. Се набројуваа сите причини-стотината милиони евра потрошени за реклами, огромни средства за проектот „Скопје 2014“, состојбата во Фондовите за пензиско и здрваствено осигурување. Опозицијата бараше министерот да замине од функцијата поради презадолженост на земјава, висока невработеност и сиромаштија, недоволното вложување во капитални проекти, долгот на Владата кон македонските компании.

Ставревски се спротивстави на критиките и кажа дека по Светската економска криза е остварен позитивен раст на БДП за 2, 9 насто во 2010. година и 3 насто во 2011. година. Ставревски се бранеше дека долгот на државата е помал за 12 процентни поени, што значи дека граѓаните се во групата на најниско задолжени во Европа. Тој набројуваше во што се инвестирала државата, од 50-те милиони евра во Електраната во Битола до модернизација на училиштата и здравствените институции.

Дебатата пожестоко продолжи на неколку часа пред гласањето на полноќ.

„ Господине Ставревски и другпат сум ви кажал дека сте добар економист и впрочем, човек што знае економија може да биде на такви функции како во Светска банка, но го ризикувате вашиот бек граунд и одите спротивно на економската логика за да ги задоволите хировите на Груевски.

– Инаку длаоко во себе знаете дека е најпаметно да фатите штрафта од бродот што тоне“, рече Емилијан Станковиќ од СДСМ.

Министерот на ова одговори дека прави многу повеќе отколку во времето на СДСМ.

„Се сложувам со вас, се трудам колку што можам да работам но имајте на ум дека не задеси светската криза и дека ова е максимум што може да се стори во вакви услови. Еве го графиконот каде што се гледа дека индексот на мизеријата била поголема во времето на СДСМ отколку сега. И во вакви тешки економски услови работиме многу подобро од било која претходна влада“, рече Ставревски.

Ова беше втора интерпелација за Министерот за финасии.

 

Би можело да ве интересира

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on