Брисел – ова треба да го видите, сторите и пробате

Од:

Брисел од зачетоците на Европската унија стана  европска метропола, која не смеете да ја заобиколите и која барем секој треба еднаш да ја посети во животот. Иако е скап, градот има голем број знаменитости, кои не се поврзани само со политиката. Погледнете кои работи во Брисел би требало да ги видите, сторите и пробате.

1. Посетете го Гранд Плас

Гранд Плас или Гроте Мартк на холандски е главен бриселски плоштад, кој ќе ве воодушеви со својата убавина. Речиси сите улици како да се сливаат во плоштадот, на кој се наоѓаат голем број ресторани и кафулиња.

2. Хотел де Виле – Градското собрание

Оваа зграда е изградена во 1402 година, кога во неа било седиштето на Владата. Преубавата зграда е сместена на главниот бриселски плоштад.

3. Манекен Пис

Тоа е всушност мала статуа на момче, кое уринира вода. Не е ништо спектакуларно, но немојте да го напуштите Брисел пред да го посетите ова негово обележје.

4. Градскиот музеј – Маисон ду Рои

За да го урамнотежи симболот на световната моќ, војводата Брабант на главниот плоштад дозволил да се изгради т.н. „Кралска куќа“, иако кралот никогаш не престојувал во неа, а луѓето продолжиле да ја нарекуваат „Пекарски дом“, бидејќи е изградена на местото на поранешна пекара. Денес тоа е градски музеј.

5. Музеј на стрипот

Доколку сакате стрипови, ова е местото а вас. Да дојдете во Брисел и да не ја посетите Меката на европските стрип е како да не пробате белгиско чоколадо. Ова место треба да го посетите и доколку не сте преголем љубител на стрипови, а центарот освен стрипови има и галериска просторија и продавница за стрипови.

6. Атомиумот

Зградата на Атомиумот од својата изградба до денес стана препознатлив симбол на европската престолнина. Изградена е во 1958 година за потребите на Светскиот заем, висока е 102 метри и изработена е целосно од нерѓосувачки челик. Сите топки на структурата можат да се посетат со помош на скали, кои се наоѓаат во цевките.

6. Мини Европа

Колку би било убаво наутро да ја посетите зградата на Парламентот во Лондон, потоа да проштетате покрај кривата кула во Пиза и на крајот од денот на направите едно селфи покрај Ајфеловата кула во Париз? Ова е можно да го сторите во забавниот парк Мини Европа.

7. Јадете чоколадо

Финото, вкусно и кремасто белгиско чоколадо спаѓа меѓу најдобрите во светот. Секако ви пепорачуваме да обезбедите доволно голем буџет за купување на оваа божествена намирница, бидејќи мора да признаеме дека чоколадото и не е баш евтино, како ниту пивото.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска