Седорф доби отказ, Инзаги нов тренер на Милан

Од:

Поранешниот италијански репрезентативец Филипо Инзаги е нов тренер на калчолигашот Милан, кој денеска преку својот веб сајт соопшти дека клубот му доделил отказ на досегашниот шеф на стручниот штаб Кларенс Сидорф.

Според информациите кои доаѓаат од Милано договорот на Инзаги со неговиот поранешен клуб е потпишан на две години. Финансиските детали не се објавени.
Милан минатата сезона го освои осмото место во Серија А и остана без пласман во евро-куповите. 40-годишниот Инзаги играчката кариера ја заврши во јули 2012 година.

За Милан има забележано 300 нaстапи на кои постигнал 126 голови и ги освоил по двапати Серија А, Лигата на шампионите, Суперкупот на Италија, а има трофеј и од Купот на Италија и Светското клупско првенство.

Во националниот дрес има одиграно 57 натпревари и постигнато 25 голови. 2006 година со италијанската репрезентација стана светски првак на шампионатот во Германија.

Ангажманот во Милан е прв професионален тренерски предизвик за популарниот Пипо.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска