Либискиот Врховен суд го прогласи за неуставен изборот на премиерот Ахмед Маитик во почетокот на мај. Тоа создава можност за решавање на кризата во Либија, каде две влади спорат која е легитимна.
– Судот го процени за неуставен изборот на Маитик во Парламентот, соопшти судија од Врховниот суд по куса седница.
Одлуката на Врховниот суд ќе се предаде на Административниот суд, кој според правниците треба да излезе со свој став подоцна денеска.
Либија еден месец е потоната во политичка криза, во која две влади спорат која од нив има право да управува. Спорот започна во почетокот на мај, кога Маитик беше избран во хаотична седница на Парламентот.