Сензорни и терапевтски соби за деца со посебни потреби

Од:

Во Дневниот центар за деца со посебни потреби во Гевгелија денеска ќе биде промовиран проектот „Програма за целосна социјализација на деца со посебни потреби во нивните заедници“.

Проектот е финансиран од Европската унија, а ќе го спроведуваат Фондацијата „Аполонија“ и Македонското научно здружение за аутизам.

Програмата ќе ја промовираат претседателот на УО на Фондацијата „Аполонија“ Марија Клинг, градоначалникот на Општина Гевгелија Иван Франгов, сопругата на претседателот Маја Иванова и шефот на Делегацијата на ЕУ Аиво Орав.

По промоцијата ќе бидат отворени терапевтска соба во Дневниот центар за деца со посебни потреби во Гевгелија и сензорните соба во ООУ „Петар Мусев“ во Богданци, ООУ „Кочо Рацин“ во Нов Дојран и во ООУ „Јосип Броз Тито“ во Валандово.

Овие соби се наменети за индивидуална работа и третман и со децата со посебни потреби од четири општини од Југоисточниот регион: Гевгелија, Дојран, Валандово и Богданци, кои ќе работат во склоп на училиштата како дополнителен сегмент на наставниот процес, создавајќи подобри услови за инклузија на децата со посебни потреби. Сензорните соби и терапевстската соба ќе бидат отворени и за време на летниот период.

Проектот е финансиран преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права со 77.000 евра. Целта е да се зголеми социјалната интеграција и развојот на децата со посебни потреби.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните