СДСМ: Во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР ниту еднаш не се употребени зборовите фер и демократски

Од:

„Го упатуваме Никола Груевски на извештајот на ОБСЕ/ОДИХР, во којшто за претседателските и предвремените парламентарни избори ниту еднаш не се употребени зборовите фер и демократски.

Исто така, го упатуваме Никола Груевски, на последното соопштение на еврокомесарот Штефан Филе кој побара од Груевски итно да ги реши проблемите што постојано ги повторува набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, а се повторуваат, како што наведе еврокомесарот за проширување, и во извештаите на Европската комисија.

Тука Никола Груевски ќе го најде одговорот како од статус на достоинствена земја кандидатка за ЕУ, рамо до рамо со Хрватска, што макотрпно го изработи СДСМ, власта на Груевски за 9 години успеа да го искомплицира до ниво на можно губење на препораката за членство“, стои во пишаното соопштение на СДСМ по реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ