ВИДЕО: Над 35 килограми марихуана запленети на Богородица

Од:

Над 35 килограми марихуана се запленени на граничниот премин Богородица со што е пресечен меѓународен канал за недозволена трговија со наркотичка дрога.

Дрогата била по потекло од Албанија и преку Македонија и Грција требало да биде пренесена до земјите од Западна Европа.

МВР денеска информираше дека дрогата е пронајдена при претрес на возило марка „пежо партнер“ со грчки таблички управувано од 32-годишниот З.Р, албански државјанин. При претресот царинските службеници користеле куче трагач на наркотичка дрога.

Марихуната била сместена во специјално изработен бункер во задниот дел од возилото предвиден за багаж. Спакувана била во 35 пакувања завиткани со кафеава селотејп лента. Покрај дрогата пронајден е и еден пиштол марка „црвена застава ТТ“ и рамка со седум куршуми калибар 7,62.

По извршеното вештачење утврдено е дека се работи за 36.300 грама марихуана со висок квалитет која при продажба на нарко пазарот би достигнала цена од околу 100.000 евра.

Против возачот ќе биде поднесена кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи„.

Од МВР информираат дека во текот на денешниот ден обвинитетиот ќе биде изнесен пред судија.

Полицијата презема дополнителни мерки и активности за обезбедување на докази за други лица евентуално инволвирани во случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он