Амбициите на Мојс се тим од Лигата на шампионите

Од:

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед Дејвид Мојс изјави дека одбил неколку клубови кои го повикале да биде нивни тренер и дека се уште ја чека вистинската шанса.

– Имав повеќе понуди да се вратам на тренерското место. Но, не прифатив ни една. Ја чекам правата шанса. Сакам да тренирам тим кој настапува во Лигата на шампионите. Сметам дека со 11-годишната работа во Евертон и минатата сезона во Манчестер, докажав дека имам квалитет да работам во екипа која е дел или има амбиции да биде учесник во елтното натпреварување, истакна, Мојс во изјавата за англиските медиуми.

Поранешниот тренер на Манчестер кој поради отказ не го дочека крајот на сезоната, додаде дека не му е важно дали ќе работи во англиски или во странски клуб.

– Отсекогаш сакав да ги проширувам моите хоризонти. Искуството од работата во Манчестер е драгоцено. Во мометов следам натпревари и го надградувам моето знаење. Треба постојано да се работи, да се анализира, да се следи. Тренерската работа бара континуирана посветеност, вели Мојс.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска